Враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер предизвика вистинска хистерија во градот и Португалецот е секојдневна тема на разговор. Со желба да ја зачува својата приватност колку што е можно, Роналдо одбрал дом далеку од центарот на градот, но сепак во неговата вила недостигаат некои луксузни детали.
Луксузната вила која го пречека семејството на Роналдо се наоѓа насред природа. Има седум соби, целосно опремена теретана, базен, џакузи, кино и неколку тераси.
За љубителите на автомобилите, како Роналдо, единствен недостаток би можела да биде гаражата која има само две места и тоа е тешко да се разбере земајќи ги во предвид димензиите на куќата, но проблемот со паркирањето е лесен за решавање благодарејќи на огромната градина со која располага куќата.
Во Вилата Роналдо и неговото семејство ќе бидат заштитена со ексклузивен безбедносен систем, а фудбалерот на Манчестер покрај тоа ангажирал шест луѓе задолжени за нивната сигурност.
Роналдо со Манчестер потпиша договор до 2023 година со опција за продолжување на уште една, а Црвените ѓаволи платиле 15 милиони евра за неговиот трансфер.
Португалецот кариерата ја започна во Спортинг, а од 2003 до 2009 година бил играч на Манчестер Јунајтед. Подоцна премина во Реал Мадрид, а од 2018 година беше дел и од Јувентус.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден