За време на постот е неопходно да се јаде разновидна храна за да се внесат сите потребни хранливи состојки за правилно функционирање на организмот. Ова ќе ве заштити и од вируси и настинки.
Основни правила на постот
Велигденскиот пост е на вода. Не смеете да јадете месо, јајца, млеко и млечни производи, односно храна од животинско потекло. Вино и масло се дозволени за викенд, а риба смее да се јаде само на Благовести и Цветници. Првите три дена од првата недела на постот, како и последната недела, се пости на вода. Исклучок е Велики четврток кога се дозволени масло и вино. На Велики петок не треба да се јаде ништо до три попладне, а потоа може лесен оброк на вода. Строг пост е и на Велика сабота.
Можеби ве интересира:
Што да се пие наместо кравјо млеко?
Растителни млека, како бадемово, соино, од кокос и ориз, успешно ќе го заменат кравјото млеко во исхраната.
- Бадемово млеко: во една шолја (240 мл) има 40 калории, 24% од потребната дневна количина на калциум, добар е извор на витамин Е, но има малку протеини.
- Соино млеко: една шолја содржи 80 калории, протеини има колку и кравјото млеко, но често предизвикува алергии кај деца и возрасни.
- Оризово млеко: има 120 калории во една шолја, природно е слатко, има многу јаглехидрати, но нема протеини. Не се препорачува за дијабетичари поради количината на јаглехидрати.
- Кокосово млеко: една шолја содржи 50 калории, но може да содржи карагенан, кој кај некои луѓе предизвикува проблеми со варењето.
Најдобра замена за месо и јајца
Благодарение на богатството со протеини, јајцата му обезбедуваат енергија на нашиот организам. Месото, освен протеини, содржи и голема количина на железо. За двете намирници постојат соодветни замени од растително потекло, кои за време на постот можат да ги надоместат овие хранливи материи.
- Грав: една шолја грав содржи 18 грама протеини и 15,6 грама влакна, што е повеќе од половина од дневните потреби на организмот.
- Печурки: портобело и шампињони содржат протеини и железо, иако во една шолја има само три грама протеини.
- Туна: богата е со протеини, како и со омега-3 масни киселини.
- Леблебија: половина шолја леблебија има 7 грама протеини и 6 грама растителни влакна, а нема холестерол. Богата е и со железо.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден