Џенифер Лопес, која беше мажена четири пати, сега се соочува со нови обвинувања од нејзиниот прв сопруг, Оџани Ноа. Во неодамнешно интервју, Оџани сподели детали за нивниот краткотраен брак, тврдејќи дека дел од причината за разводот било нејзиното изневерување со раперот Пи Диди.
„Кога Sony ѝ ги исплати милионите за нејзиниот прв албум On The 6, Диди беше таму како продуцент. Оттогаш започнаа лагите и неверството. Јас бев во Лос Анџелес, отворав ресторан, додека таа беше во Мајами и Њујорк, работеше на албумот. Кога бевме разделени, таа ме изневери,“ изјави Ноа.
Ноа исто така ја обвини Лопес за саботажа на неговиот бизнис и тврди дека таа се обидувала да му ја уништи кариерата со лажни обвинувања. „Не знам зошто го направи тоа, кога јас не ѝ направив ништо“, вели тој.
Џенифер Лопес и Оџани беа во брак од 1997 до 1998 година, по што таа започна врска со Пи Диди, која траеше до 2001 година. Лопес подоцна беше мажена за Крис Џад (2001-2003), Марк Ентони (2004-2014), со кој има две деца, и неодамна се разведе од Бен Афлек (2022-2024).
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден