Многу често се наоѓаме во ситуации каде што чувствуваме болка или разочараност од оние на кои им веруваме. Надевајќи се дека ќе се променат, им простуваме, но психолозите предупредуваат дека кај одредени типови личности промена е речиси невозможна. Ова се четирите особини кои ги дефинираат луѓето кои ретко, ако воопшто, се менуваат.
1. Манипулативност
Луѓето со оваа особина се мајстори во извртување на ситуациите за да изгледаат како жртви или да го префрлат вината на другите. Манипулаторите вешто користат емоционални игри за да ве убедат дека нивното непочитување е оправдано, а потоа бараат прошка под изговор дека се „промениле“. Но, вистината е дека штом ќе ја повратат вашата доверба, се враќаат на старите обрасци на однесување.
2. Недостаток на емпатија
Емпатијата е способноста да се разберат чувствата на другите, но луѓето без оваа способност не покажуваат грижа за туѓата болка. Без чувство на каење или потреба за промена, овие личности може лесно да повредат други, водејќи се само од своите цели. Овој недостаток на емпатија ги прави тешки за разбирање и многу тешко за промена.
3. Лажење
Лагата е секојдневна алатка за луѓето кои имаат оваа особина. Расипаните личности лажат со леснотија, без морални дилеми, и често стануваат толку уверени во своите лаги што и самите веруваат во нив. Дури и кога се фатени, тие ќе се обидат да ја извртуваат ситуацијата, создавајќи чувство на вина кај другите.
4. Егоизам
Светот на егоистите се врти околу нивните лични потреби и желби. Тие гледаат на луѓето како на средства за постигнување на целите и немаат проблем да манипулираат со туѓите чувства ако тоа носи лична корист. Поради оваа себичност, тие се неспособни за вистинска промена, бидејќи едноставно не гледаат потреба за тоа.
Што да правите ако ги препознаете овие особини?
Психолозите советуваат дека најдоброто што може да направите е да се дистанцирате. Вложувањето време и енергија во обидите да промените таква личност најчесто е залудно. Заштитете го својот мир и изберете да се опкружите со луѓе кои ве почитуваат и поддржуваат.