во

САМО 7 ЖЕНИ СМЕАТ ДА НОСАТ БЕЛО ПРЕД ПАПАТА: Кои се тие и кои ДАМИ предизвикаа СКАНДАЛ?

Ватиканскиот протокол за средби со папата е многу строг. Тој пропишува како треба да бидат облечени посетителите. Мажите мора да носат темно одело. Жените треба да носат темна облека и превез преку главата.

Фустанот или костимот кај жените мора да биде под колената. Не смее да има деколте и треба да биде со строг крој. Најпосакувана е црната боја. Таквата облека во католичката традиција означува побожност и понизност.

Купи Маица

Сепак, постои исклучок за одредени жени. Ним им е дозволено да носат бело. Тоа се смета за знак на исклучителна благодат. Оваа „привилегија на белото“ (на француски: „le privilège du blanc“, на италијански: „privilegio del bianco“) важи само за одредени католички кралици и принцези. Тие можат да носат бело на важни настани. Такви се приватни посети, канонизации, беатификации или посебни миси.

Моментално само седум жени во светот ја имаат оваа привилегија:

  • Кралицата Софија од Шпанија (поранешна, со потекло од Грција)
  • Кралицата Паола од Белгија
  • Големата војвотка Марија Тереза од Луксембург
  • Кралицата Матилда од Белгија
  • Кралицата Летиција од Шпанија
  • Принцезата Марина од Неапол
  • Принцезата Шарлин од Монако

Тие можат, но не мора да ја користат оваа привилегија. На пример, принцезата Шарлин понекогаш се појавувала во бело, а понекогаш во црно.

Привилегијата не важи за сопругите на сите католички владетели. Кралицата на Лесото или принцезата од Лихтенштајн немаат право на бело. Исто така, ја нема ни кралицата Максима од Холандија. Таа е католик, но нејзиниот сопруг, кралот Вилем-Александер, е протестант.

„Privilegio del bianco“ не важи ниту за сопруги на претседатели или премиери.

Сепак, две жени кои не спаѓаат во оваа група предизвикаа реакции. Тие го прекршиле протоколот и се појавиле во несоодветна боја пред папата.

Шери Блер, сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер, носеше бело. Тоа се случи на средбата со папата Бенедикт XVI во 2006 година. Овој потег предизвика критики.

Но, уште поконтроверзен беше случајот со Раиса Горбачова. Сопругата на Михаил Горбачов се појавила во црвен костим. Тоа било на аудиенција кај папата Јован Павле II.

Во поново време, кодексот за облекување е малку ублажен. Се дозволува дамите да не носат превез или марама. Сепак, многумина и денес се придржуваат до строгите правила од почит.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Смрдливките бегаат од оваа билка: Набавете нане и решете се од нив еднаш засекогаш!

Понуда од Трамп до Путин: Арктикот за Украина! Москва засега молчи и подготвува бродови и подморници за акција!