во ,

Се урнал авион во џунглата во кој биле Американец, Кинез и Босанец…

 

Се урнал авион во џунглата во кој биле Американец, Кинез и Босанец. Гледаат како да преживеат, а бидејќи не се разбираат, Американецот вели:

– Ајде да се обидеме да се договориме на англиски, барем малку сите го разбираме.

Повторно вели Американецот:

– I will build a ‘SHELTER’ (Јас ќе изградам засолниште), (Ти, Кинез), You try to find ‘HELP’ (Пробај да најдеш помош), (а ти, Босанец), You go for ‘SUPPLIES’ (Оди по залихи).

На крајот прашува Американецот:

– Did you all ‘UNDERSTAND’ what I said? (Дали сите разбравте што реков?)

Кинезот и Босанецот велат:

– YES (Да), и заминуваат во различни насоки.

Додека Американецот го гради засолништето, Кинезот се враќа без никого што може да им помогне, а Босанецот уште го нема. Го чекаат и чекаат, па на крајот одлучуваат да го побараат.

Така одат низ џунглата и викаат: “BOSNIAN, WHERE ARE YOU?” (Каде си, Босанецу?)

Кога одеднаш излегува Босанецот од зад дрвото, со раширени раце и извика:

  • “SUPPLIES!!!” (Изненадување!!!)
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На една од јадранските плажи, Македонец продава сладолед…

Моето семејство вели дека нашата свадба е „осудена“ поради моите барања за гостите