Како би изгледал светот, кога се би се знаело , да се зборува само вистина , и да нема тајни..? Кога би ја изгубиле моќта да лажеме било кога и било што.Можеби сите би биле многу подобри. Би се знело дека се и сшто ќе кажеме и направиме ќе се дознае, бидејки не сме способни да излажеме па повеќе би пазеле што правиме и зборуваме …Хммм ?
Не верувам дека би било подобро . Мислам дека би пропаднал целиот свет за помалку од еден ден , кога човековиот род ,би ја изгубил способноста на лажење . Кога во една фамилија , сите се би знаеле за сите членови , истите не би дочекале ни една вечер заедно. Да не ги спомнувам некои организации , здруженија , странки , држава .. и. т.н ….. Без моќта на лагите , светот би пропаднал за кратко време…
Без МОЌ НА ЛАГАТА , секој човек би требало да се соочи сам со себе, да се сети на сите свои лаги , премолчени вистини , свои тајни , туѓи тајни што ги носи во својата животна торба… Би морал да се замисли сам со себе , а потоа сите свои ЛАГИ да ги каже на други. Не е доволно да ги каже на било кого , него на сите поединечно , онака во лице да му каже зошто го излажал….
ЛАЖЕТЕ ЛИ ВИЕ ??? – Некои ќе кажат .. Не , јас не лажам , јас зборувам само вистина ..Хм…? Тогаш нема да ви биде проблем да пазите , недела или две што зборувате , и на сите да им ја кажувате вистината.. На Мажот (Жената ) , на децата , на шефот , на соседите , на колеги од работа , на пријателка , дечко (девојка) , на било кого … само ВИСТИНА . Дали смеете ??? Јас вистински се замислив Не смејам !!!
ВИСТИНА е дека од мали нозе не учат да НЕ ЛАЖЕМЕ … но низ животот тоа се покажува дека е невозможно . Па затоа слободно опуштете се , и ИЗЛАЖЕТЕ некогаш без грижа на совеста , НО НЕМОЈТЕ ТОА ДА ВИ ПРЕЈДЕ ВО НАВИКА ……
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден