во

Сопругата на Десингерица: била во ријалити, го мувала Гастоз, а сега заработува на социјалните мрежи

Целиот Балкан зборува за контроверзниот рапер Драгомир Деспиќ, познат под уметничкото име Десингерица. Познат е како дел од музичкиот дуо со Луле Пљугица, но по нивното разделување, секој тргнал по свој пат.

Иако многу жени лудуваат по него, раперот е веќе долго време зафатен и е во среќен брак со својата сопруга Невена, со која се познава уште од училишните денови.

  • Драгомир и јас сме заедно веќе 11 години, а три години сме во брак. Се запознавме преку заедничка пријателка во средно училиште. Еднаш излеговме на пијачка, и тогаш дојде и тој. Останатото е историја – изјави Невена минатата година.

Од големата љубов го добиле и своето прво дете, ќерката Дуња, која е центар на нивниот свет. Сепак, поради бројните настапи на Деспиќ, често е отсутен и не успева да поминува многу време со семејството. Невена не работи во моментот, туку се посветила на грижата за ќерката, а нејзината примарна улога е да ѝ ја обезбеди целата љубов и поддршка.

Интересно е што Десингерица во неколку наврати изјавил дека смета дека мажот е тој што треба да работи и да носи пари во куќата, додека жената треба да ужива и да се грижи за семејството.

Иако не работи, Невена нашла начин да заработи преку социјалните мрежи, каде што активно се појавува на TikTok. Таа не крие дека ужива во оваа активност и вели дека планира да ја претвори во своја професија.

  • Моментално сум незапослена бидејќи сум целосно посветена на ќерката. Слободното време го користам на TikTok и популарноста која ја стекнав таму ме изненади. Почнав да снимам „лајвови“ и сега веќе заработувам од тоа. Планирам да се посветам уште повеќе на оваа работа и да станам официјална TikTokerка – изјавила Невена минатата година.

Инаку, таа била дел од ријалити шоуто “Малдиви” кое се емитуваше на телевизија Хепи, но во него останала само две недели. Во шоуто учествувал и познатиот ријалити играч Ненад Маринковиќ Гастоз, кој се обидел да ѝ се доближи, но Невена брзо го ставила на место.

  • Слушаш ли некој како вози мотор од другата страна на ѕидот? Тоа е мојот дечко. Така ми покажува дека е тука и дека не смеам никого друг да гледам – му рекла Невена на Гастоз, кој веднаш се повлекол.

Исто така, Десингерица вчера, на 2 октомври, се најде во центарот на скандал поради физичка пресметка, која беше снимена и објавена. Според раперот, неговата сопруга Невена била удрена за време на инцидентот, што го натерало да реагира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

  • Тој човек ги бутна количките под моето возило, буквално за малку ќе загинам. Кога го закочив возилото, не го ни допрев. Човекот ме нападна, а потоа излезе и неговиот син за да се тепа со мене. На снимката се гледа дека ја удрија мојата жена по лицето. Потоа тргнав да го удрам синот, не таткото, затоа што таткото не беше во состојба да се бори со мене. Во основа, јас бев нападнат, не ги нападнав јас – изјави раперот за нашиот портал.
Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Цените на становите растат поради концертот на Цеца: Масовни резервации во Белград за јуни следната година

Огромна анаконда нападна човек – ја касна змијата за глава