Познатиот пејач Спасен Сиљаноски уште еднаш покажа дека нема влакна на јазикот. Овој пат, на својот Фејсбук профил тој се осврна на начинот на кој неговите колеги и други јавни личности користат хуманитарни акции за новогодишните празници како алатка за самопромоција.
„Подарувањето не е маркетинг алатка“
Во својата објава, Спасен ја изрази својата загриженост дека фотографирањето со луѓето на кои им се подарува милостина, наместо да пренесе порака на добрина, всушност ги понижува тие луѓе.
„Убаво и благословено е да се помага на сиромашните, но тоа да не се злоупотребува за маркетиншки цели. ПОДАРИ, А НЕ ПОНИЖУВАЈ. Нема потреба да се фотографирате со тие на кои што им подарувате… Со тоа само ги понижувате,“ напиша пејачот.
Инспирација од Библијата
Спасен ја поддржа својата критика со цитат од Библијата:
„Ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната, за да биде твојата милостина во тајност; и тогаш, твојот Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.“
Реакциите на јавноста
Објавата на Сиљаноски предизвика лавина реакции, од кои многу беа позитивни. Фановите го поздравија неговиот искрен пристап:
- „Убаво кажано до детаљ. Секоја чест за оваа објава!“
- „Точно и исправно. Камо среќа повеќето да мислат како тебе.“
- „Ако за секоја услуга бараш противуслуга, тогаш не си подарил, туку си продал.“
Многумина се согласија дека вистинската хуманост е тивка и ненаметлива, без потреба од јавна промоција.
Спасен Сиљаноски повторно ја истакна својата автентичност и принципиелност, поттикнувајќи важна дебата за тоа како хуманитарните акции треба да се изведуваат. Дали и вие се согласувате со неговите ставови? Поделете го вашето мислење!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден