во

Старлета советува: „Среди се, оди во луксузно кафуле – некој ќе те забележи“

Старлетата и поранешна учесничка во ријалити, Александра Суботиќ, неодамна ги шокираше своите следбеници со необичен совет за сите жени кои се борат со љубовни проблеми.

Александра првпат привлече внимание на јавноста кога медиумите објавија дека забременила со дечкото на својата мајка. Во ријалити шоуто „Задруга“ влезе со својот тогашен дечко, Давид Драгојевиќ, но тој ја остави за друга учесничка, Ана Кораќ.

Денес е во брак со бизнисменот Пеца Распоповиќ, кој е 24 години постар од неа. Иако го фати во неверство со својата пријателка Маја Маринковиќ, одлучи да му прости и да го продолжи својот живот со него.

Во неодамнешно интервју, Александра им упати совет на сите жени кои се чувствуваат несреќни во љубовта: „Зошто да се натпреваруваш со некоја и да уништуваш туѓа среќа? Намести се, среди се, излези во некое луксузно кафуле. Мора некој да те забележи!“

Кога водителката ја праша што ако некоја девојка нема пари да седи во таков ексклузивен локал, Александра на шеговит начин одговори: „Па, ќе има за цеден сок од портокал. Белград е познат по тоа…“.

Со своите изјави и начинот на размислување, Суботиќ повторно успеа да привлече внимание и да предизвика реакции во јавноста.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Збогум, легендо!“ Volkswagen го заврши производството на Polo по 40 години во Европа

Брижит Макрон на Париската модна недела: Ова елегантна комбинација е синоним за луксуз и стил за секоја дама