во ,

Стармер го прегрна Зеленски: Велика Британија ја удвојува поддршката за Украина!

По вжештената средба со Трамп, украинскиот претседател Зеленски најде утеха во прегратките на британскиот премиер Стармер! Велика Британија ја удвојува поддршката за Украина, а Зеленски е пречекан со отворени раце во Лондон. Што се договорија Стармер и Зеленски и каква порака испраќа Велика Британија кон светот?

Утре украинскиот претседател ќе се сретне со кралот Чарлс III.

Володимир Зеленски пристигна за средба со британскиот премиер.

Реклама

Кир Стармер го пречека украинскиот претседател со ракување и срдечно го прегрна, позирајќи за неколку фотографии.

Посетата на Зеленски се случува еден ден по неговата средба со Доналд Трамп во Белата куќа – и само неколку дена откако Стармер лично се сретна со претседателот на САД.

Стармер уште еднаш ја потврди силната поддршка на Обединетото Кралство за Украина, истакнувајќи дека Британија „ќе биде со Украина толку долго колку што е потребно“. Тој додаде дека постои “непоколеблива решеност” за постигнување траен мир во Украина.

Би-Би-Си објави дека за време на средбата станало јасно дека Велика Британија ќе ја удвои својата поддршка за Украина.

Зеленски му се заблагодари на британскиот премиер, како и на кралот Чарлс III, со кого ќе се сретне утре.

„Среќни сме што имаме вакви партнери и вакви пријатели“, изјави украинскиот претседател.

Кралот Чарлс Трети ќе го прими во имотот Сандригам во Источна Англија, објавија претходно британските медиуми.

Утре Володимир Зеленски ќе учествува и на средбата на европски лидери во Лондон, посветена на Украина и зајакнување на европската одбрана.

Поканети се лидери од Франција, Германија, Данска, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Турција, Финска, Шведска, Чешка и Романија, како и претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и генералниот секретар на НАТО, пренесува Би-Би-Си.

По напнатиот разговор меѓу американскиот и украинскиот претседател, Доналд Трамп се закани дека може да ја запре финансиската помош за Киев. Тој изјави дека сака мир, но смета дека Зеленски сака да продолжи да се “бори”.

Од етерот на “Фокс Њуз”, украинскиот лидер одговори дека сака долготраен мир, како и позиции на масата за преговори. А во интервју за Си-Ен-Ен, државниот секретар Марко Рубио изјави дека Зеленски му должи извинување на Трамп. Пред “Политико”, службеници од Стејт департментот изразиле шок што Трамп се однесувал толку пренебрежувачки кон лидер на друга држава.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Совршената гардероба на Ејми Лу Вуд во “Белиот Лотос” – Моден хит на Сезоната!

Во потрага по изгубената вода на Месечината: НАСА започнува историска мисија!