во

Страшни снимки од воздух ја откриваат катастрофата по поплавите во БиХ (ВИДЕО)

Снимки од воздух ја покажуваат огромна штета од поплавите во Босна и Херцеговина

Апокалиптични сцени го прикажуваат уништувањето во селото Бутуровиќ Поле, едно од најпогодените места за време на неодамнешните поплави во Босна и Херцеговина. Снимките од воздух откриваат колку е голема штетата.

Поплавите во ова место близу Коњиц уништиле повеќе патишта, повеќе од 15 куќи, а неколку лица сè уште се водат како исчезнати.

Претходно, од истото село беше објавено уште едно драматично видео на кое спасители од Горската служба се борат со водената буица додека спасуваат човек.

Освен Бутуровиќ Поле, големи поплави погодиле и други места како Јабланица, Крешево и Кисељак.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Храбри пожарникари спасиле дете на рамена и дедо во буре за време на поплавите во Босна (ВИДЕО)

Групата „Рибља Чорба“ реагираше на стопирањето на проекцијата на филмот за Бора