Фил, татко на четири деца, решил да направи необичен експеримент – да ги исклучи сите екрани од животот на своите деца на цели 30 дена. Со оваа одлука, тој и неговата сопруга сакале да ја намалат зависноста на децата од телефони и телевизија, верувајќи дека помалку време пред екраните може позитивно да влијае на нивниот развој.
Од самиот почеток, забележале промени. Децата започнале да комуницираат многу подобро, се зближиле и откриле нови начини за забава. Нивната имагинација се развила, а играњето без дигитални уреди донело ново ниво на креативност. „Сега со истата играчка си играат подолго време, наместо да им здодее за пет минути,“ вели Фил.
Експериментот придонел и за поактивен семеен живот – децата станале повеќе расположени за активности надвор, па дури и оброците станаа порелаксирани и исполнети со разговори, без фокусот на екрани. Децата, исто така, почнале повеќе да се интересираат за книги, што ги направило Фил и неговата сопруга особено среќни.
На крајот, Фил заклучил дека овој предизвик не само што го подобрил животот на неговите деца, туку и значително го подобрил семејниот живот.
View this post on Instagram
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден