во

Титовиот таен бункер: Како изгледа најголемото засолниште во СФРЈ, кое го посетила само една жена

Изградбата на легендарниот бункер започнала во 1953 година и траела речиси 26 години, до 1979 година. Титовиот бункер, познат како “Атомска воена команда” или “АРК”, е сместен во близина на градот Коњиц, во Босна и Херцеговина. Ова склониште е едно од највпечатливите и најдобро сочувани воени објекти од времето на поранешна Југославија. Бункерот бил изграден за време на Студената војна со една основна цел – да го заштити Јосип Броз Тито и највисокото политичко-воено раководство на земјата во случај на нуклеарен напад.

Денес, Титовиот бункер е отворен за јавноста и служи како музеј, како и простор за уметнички изложби, привлекувајќи голем број туристи од целиот свет. Покрај своето воено значење, бункерот стана и симбол на едно време, кое го отсликува огромниот напор и вложувања во проекти за заштита од нуклеарни закани за време на Студената војна.

Во поново време, бункерот го посети и влијателката Нина, која останала изненадена од неверојатната зачуваност на објектот. Таа имала можност да ги посети просториите наменети за највисокото раководство на државата, но и оние за обичните војници, за кои како што вели, “спиењето било како во конзерва сардина”.

Она што е посебно интересно е дека во бункерот не било предвидено место за жени, освен за една – Јованка Броз. Тито сметал дека нејзиното присуство било оправдано бидејќи таа исто така била воено лице. Тие биле единствените со брачен кревет во бункерот, додека сите останати, дури и највисоките државни функционери, имале поединечни кревети.

Изградбата на бункерот траела 26 години и била најстрого доверлив проект. Денешната вредност на инвестицијата е проценета на 4,6 милијарди американски долари. Најголемо изненадување за Нина било тоа што бункерот бил опремен со технологија која овозможувала непречена комуникација со другите владини претставници, дури и во екстремни услови.

Бункерот е врежан длабоко во планината Златар, на околу 280 метри под земјата, со цел да обезбеди максимална заштита од нуклеарни напади. АРК покрива површина од околу 6.500 квадратни метри и се состои од над 100 простории, вклучувајќи соби за престој, работни канцеларии, комуникациски центар, како и посебни простории дизајнирани специјално за Тито. Бункерот бил наменет да прифати околу 350 луѓе во случај на нуклеарна катастрофа, со доволно залихи на храна, вода, гориво и други основни потреби за период до шест месеци.

@ninineavanture Titov bunker za smak sveta poznat i kao ARK D0. Zavirite u tajnu bivše Jugoslavije. #jugoslavija #bosna🇧🇦 #balkantiktok #srbija #zanimljivosti #ninakaze #srbijatiktok @NinaTralala ♬ original sound – NinaTralala

Иако се работи за огромен проект, бункерот никогаш не бил употребен за намената за која бил изграден. По распадот на Југославија и завршувањето на Студената војна, бункерот бил напуштен и со години останал обвиен во мистерија.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скандал со фондацијата на принцот Хари и Меган: Исчезнати 4 милиони долари?

Како правилно да ја носите бројаницата и што треба да направите кога ќе се скине: Многумина несвесно прават голем грев