во

Убавината на жената мора да се види во нејзините очи

Едно момче ја прашало својата мајка : ” Зошто плачеш ?”

“Затоа што сум жена.” – …му одговорила таа.

“Не разбирам.” – рекло момчето.

Мајката само го прегрнала и кажала : ” Никогаш и нема да разбереш.”

Подоцна го прашало својот татко : “Зошто мама плаче без причина ?”

“Сите жени плачат без причина” – било единственото што таткото можел да му каже.

Момчето пораснало, станало маж и сеуште се прашувало зошто жените плачат.

На крај го повикало Бог. Кога го добил, го прашал : “Боже зошто жените толку лесно се расплакуваат ?”

Бог му одговорил : “Кога ја создавав жената мораше да биде посебна. И дадов раменици, доволно јаки за да ја носат сета тежина на овој свет, а сепак доволно нежна да може да пружа утеха. И дадов внатрешна сила, да го поднесе раѓањето и одбивањето кое често пати го добива од своите деца. И дадов цврстина која и овозможува да оди напред кога сите ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство во период на болести и неволји без приговор. И дадов чувствителност за да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повредило. И дадов сила да го носи својот маж низ неговите грешки и ја сочинив од неговото ребро за да го штити неговото срце. И дадов мудрост за да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, ама дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност постојано да биде покрај него. И најпосле, и дадов солзи за да се исплаче. Тоа е само нејзино на користење кога и да и затреба. Гледаш сине мој, убавината не е во облеката која ја носи, во нејзиното тело, или во начинот на кој се чешла. Убавината на жената мора да се види во нејзините очи, бидејќи тоа е влезот во нејзиното срце – место каде што е љубовта.”

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Работиш цел месец во Македонија…

Велес