во

(Фото) Првите автобуси тргнаа од новата главна автобуска во Белград

Белград ја пушти во функција новата главна автобуска станица во блок 42, Нов Белград, која започна со работа во текот на ноќта. Последниот автобус од старата локација тргна кон Љубљана на 50 минути по полноќ, додека првиот автобус од новата станица замина во 3:50 часот утринава, на линија за Суботица.

Иако објектот кој е во функција е привремен, властите најавија тендер за изградба на постојаната станица. Претстои и реконструкција на поранешната локација на автобуската станица БАС, каде што беше сместена последните 58 години.

Новата автобуска станица е поврзана со јавниот превоз и на само неколку минути од станицата за трамваи, автобуси и БГ воз, кои нудат лесен пристап до различни делови на градот, вклучувајќи и до аеродромот „Никола Тесла“.

Транспортни опции до новата станица

Граѓаните ќе можат да стигнат до новата локација преку неколку линии на јавниот превоз:

  • Трамваи: Линии 7, 9, 11 и 13
  • Автобуси: Линии 60, 67, 85, 89, 93, 94, 95 и експресната линија ЕКО 1

Детали за новата автобуска станица

Станицата располага со 65 платформи, од кои 53 се наменети за поаѓање, додека 12 за пристигнување. Платформите се распределени за приградски, меѓународен, меѓуградски и туристички сообраќај. Патниците и автобусите ќе имаат на располагање паркинг простор, со 186 паркинг места за патници и 80 за автобуси.

Со отворањето на оваа нова станица, Белград доби значајно подобрување на инфраструктурата за патнички сообраќај, што ќе ја олесни комуникацијата и патувањата во регионот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Донатела Версаче се откажа од пластичните операции – еве како изгледа сега

„Бев во минус од 100.000 евра, за малку ќе банкротирав“: Драган Бјелогрлиќ за искуствата што му го променија животот