Кога ќе се спомне Хали Бери, веројатно првата мисла нема да биде нејзината оскаровска улога, туку нејзиниот неверојатен изглед! Иако оваа година прослави 58 години, изгледа како да има двојно помалку – секогаш фит и полна со енергија. Хали, која беше иконична Бонд девојка, продолжува да ги маѓепсува сите каде и да се појави. Неодамна на премиерата на „Never Let Go“ во Њујорк, носеше впечатлива креација која го истакна нејзиното совршено тело, а безбројната публика не можеше да ја тргне погледот од неа.
View this post on Instagram
Со две деца и борба со дијабетес тип 2, кој и бил дијагностициран во дваесеттите години, Хали е вистинска инспирација. На својот Инстаграм, таа редовно споделува моменти од своите тренинзи и здрав живот, што јасно покажува дека нејзината фит фигура не е резултат на фотошоп, туку на посветеност и работа.
Фитнес рутина и кето диета – тајната на успехот
Кога Хали се подготвувала за улогата на ММА борец, таа работела неуморно – часови во теретана, тренинг со бокс и кревање тегови, истегнувања и јога за враќање на телото во баланс. Но, освен ригорозниот тренинг, тајната на нејзиниот младешки изглед лежи и во кето диетата. Како голем поборник за оваа популарна диета, таа тврди дека и помогнала не само за контролирање на нејзиниот дијабетес, туку и за одржување на витка линија и мускулен тонус.
View this post on Instagram
Што јаде Хали Бери?
Диетата на Хали е строго балансирана – таа го прескокнува појадокот и започнува со лимонска вода, зелено смути или кето кафе. Првиот оброк е обично во подоцните часови, некаде помеѓу 12 и 14 часот, а се состои од пилешко, риба или јајца, секогаш придружени со голема порција зеленчук. Внесот на овошје го сведува на минимум, особено кога станува збор за овошја богати со шеќер.
View this post on Instagram
Ручекот на Хали може да биде кето салата од тиквички и зеленчук со мелено месо или пилешки батаци. За вечера, таа најчесто избира туна или лосос, сервирани со свеж зеленчук, сирење и тврдо варено јајце.
Шеќерот одамна е исфрлен од нејзиниот живот, а со оглед на нејзината борба со зависноста од слатки, таа го заменува со здрави масти како амино киселини и многу вода, за регенерација на мускулите.
View this post on Instagram
Менталното здравје е исто толку важно
Покрај физичката активност, Хали Бери внимава и на своето ментално здравје. Таа секојдневно медитира за да го „исчисти умот“ и да се подготви за новите предизвици. Оваа рутина е исто толку важна како и тренингот, бидејќи и помага да се одржува фокусирана и полна со енергија.
View this post on Instagram
Секако, нејзиниот изглед е резултат на целосна посветеност на здравиот животен стил, што ја прави Хали Бери еден од најголемите холивудски примери за тоа како можат да се победат годините.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден