во ,

ХАОС НА ОСКАРИТЕ: Адам Сендлер го ШОКИРАШЕ Холивуд – Дуксер, викање и ДРАМАТИЧНО напуштање на салата!

Адам Сендлер, актерот познат по својот неконвенционален стил, приреди НЕЗАБОРАВНО изненадување на 97-то доделување на Оскарите. Тој го привлече целото внимание со своето ЛЕЖЕРНО издание и ја забавуваше публиката за време на монологот на водителот Конан О’Брајан, но на крајот предизвика и СКАНДАЛ.

Реклама

Холивуд гламурозен, Сендлер опуштен – модна провокација на црвениот килим

Додека холивудските ѕвезди пристигнаа на најважната холивудска вечер во НАЈЕЛЕГАНТНИ комбинации, Адам Сендлер се појави во сосема ОПУШТЕНО издание. Хавајска кошула, црно-сини кошаркарски шорцеви и светлосин дуксер со логото на брендот „Авијатор нејшн“ од Лос Анџелес – Сендлер остана верен на својот ПРЕПОЗНАТЛИВ хумор и стил.

Конан се шегува, Сендлер возвраќа – комична препирка на сцената

Водителот на вечерта, Конан О’Брајан, не можеше да го игнорира необичниот изглед на Сендлер и се пошегува на негова сметка. „Адаме, што е тоа што го носиш?“, го праша О’Брајан, додавајќи дека изгледа „како тип што игра видеопокер во два по полноќ“. Сендлер веднаш му возврати со доза на ИРОНИЈА: „Никој дури и не размислуваше за тоа што носам додека ти не го спомена!“. Комичната препирка продолжи во духовит тон.

„Пристојна личност во слатки шорцеви“ – Сендлер го брани својот стил

„Конане, знаеш што? Ми се допаѓа како изгледам затоа што сум ПРИСТОЈНА ЛИЧНОСТ. Не ми е важно што носам или не носам. Навистина ли почувствува потреба да ме ИСМЕЕШ пред колегите само затоа што облеков слатки шорцеви за теретана и мек дуксер?“, му одговори Сендлер, бранејќи го својот ЛЕЖЕРЕН стил и правото да се чувствува удобно.

Драматично напуштање и бакнеж за Шаламе – шоуто на Сендлер ги засени Оскарите

Во кулминација на својот настап, Сендлер СТАНА и објави дека го напушта настанот, поканувајќи ги сите присутни да му се придружат таа вечер во „Ветеран парк“ на кошаркарски натпревар. Потоа ДРАМАТИЧНО го напушти театарот „Долби“. Пред да замине, пријде до актерот Тимоти Шаламе, номиниран за улогата во филмот „Целосно непознат“, и му ја бакна главата, оставајќи ги сите во НЕВЕРИЦА и смеа. Необичното појавување на Адам Сендлер дефинитивно ги ЗАСЕНИ долгоочекуваните Оскари.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АЛАРМ ВО СРБИЈА: Двегодишно девојче ИСЧЕЗНА во Уб – Полицијата трага по Дуња!

САД ја стопираат воената помош за Украина!