во

Хаос на свадба: Младоженец запроси друга девојка на свадбата!

Снимка од свадба која заврши со хаос и тепачка го преплави интернетот, поттикнувајќи бројни реакции на социјалните мрежи. Главниот виновник? Младоженецот, кој на својата свадба реши да изведе „шега“ и неочекувано запроси друга девојка, додека неговата сопруга со неверување го следеше настанот.

Во срцето на оваа драма, која брзо стана вирална, е младата невеста која го доживеа овој чин како длабоко понижување, по што физички се нафрли врз својот сопруг. Ситуацијата дополнително се заплетка кога младоженецот се обиде да ја објасни својата шега – изјавувајќи дека запросената девојка била негова роднина и дека сето тоа било „само за социјалните мрежи“.

Присутните на свадбата беа шокирани, а обидите да ги разделат младенците завршија со уште поголема конфузија. Младоженецот на крајот се правдаше дека тоа било само „шега“, но реакциите на интернет беа немилосрдни – корисниците го опишаа како незрел и неосетлив, додека невестата доби совети да размисли за развод.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Спиењето на стомак: Зошто е подобро да се избегнува и како да го промените

Швајцарците кријат злато како пирати – 200 тони благороден метал „закопан“ под земја и во домашни сефови