во , ,

Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени починати во нивниот дом

Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени починати во нивниот дом.

Двократниот оскаровец Џин Хекман (95) и неговата сопруга, пијанистката Бетси Аракава (63), се пронајдени починати во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико, потврди полицијата.

Santa Fe New Mexican пренесува дека полицијата ги пронашла телата на познатата двојка и нивното куче во средата попладне. Шерифот Адан Мендоза потврди дека нема индиции за кривично дело, но причината за смртта засега не е објавена.

Џин Хекман, легендарен актер со богата филмографија, остави зад себе незаборавни улоги во филмови како:

„Bonnie and Clyde“ (1967)
„The French Connection“ (1971)
„Unforgiven“ (1992) – за кој доби Оскар
„The Firm“ (1993)
„Enemy of the State“ (1998)
„Runaway Jury“ (2003)
и многу други.

Со кариера која опфаќа децении, Џин Хекман ќе остане запаметен како еден од најголемите актери во историјата на Холивуд.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во пресрет на Оскарите 2025! Овие факти за најпрестижната филмска награда сигурно не ги знаете

Причини зошто треба да размислите за купување животно осигурување