Холивудската дива Хали Бери приреди незаборавен момент на овогодинешните Оскари! Таа му пријде на својот колега Адриан Броди на црвениот тепих и страсно го бакна, повторувајќи го нивниот познат бакнеж од 2003 година, што се случи токму на овие престижни филмски награди.
Бакнежот од 2003 се повтори – Хали Бери чекаше 22 години
Актерот Адриан Броди даваше интервју за водителот Марио Лопез кога му пријде Хали Бери. „Извини Џорџина, но морам да го направам ова“, ѝ рече таа на неговата девојка Џорџина Чепмен, со која е во врска од 2020 година, и го бакна Броди. И двајцата се насмеаја и продолжија да се гушкаат. Актерката изјави дека чекала 21 година за да го „фати“ на црвениот тепих и да го бакне. Таа подоцна изјави дека ова е прва церемонија на која го сретнала по 2003 година.
„Морав да му вратам вечерва“ – Хали Бери полна со емоции
„Тоа беше ноќ и за него и за мене. Морав да му вратам вечерва. Го гледав на забави, но ова е првпат од таа вечер да го видам на црвениот тепих“, рече Бери, осврнувајќи се на нивниот прв бакнеж од 2003 година.
Легендарниот бакнеж од 2003 година – непланирано изненадување
За потсетување, Хали Бери му го врачи Оскарот за најдобар актер за филмот „Пијанистот“ на Адриан Броди на 23 март 2003 година во театарот Кодак. Броди ја бакна Бери веднаш потоа, момент кој стана легендарен. Таа тврди дека тоа не било планирано и дека тој целосно ја изненадил.
Броди повторно оскаровец – награда за „Бруталист“
Адриан Броди беше награден за најдобар актер на синоќешното доделување на Оскарите за улогата во „Бруталист“. Наградата му ја врачи Килијан Марфи, со што Броди по вторпат се закити со престижната статуетка.