Денеска одбележуваме четири години од заминувањето на истакнатиот македонски актер и професор Данчо Чевревски, кој зад себе остави значајно културно наследство. Роден на 17 мај 1951 година во Скопје, Чевревски беше широко познат по своите незаборавни улоги во театарот, филмот и телевизијата, како и по својот ангажман како професор на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) во Скопје.
По дипломирањето на ФДУ во Скопје, Чевревски се усоврши во филмската уметност на реномираниот универзитет УКЛА во Лос Анџелес. Тој беше еден од основачите на продукциската куќа „Триангл“, преку која придонесе за развојот на македонската кинематографија. Својот уметнички талент го истакна преку улоги во култни филмови како „Црвениот коњ“, „Тетовирање“, „Панкот не е мртов“ и „Деца на сонцето“, кои и денес се паметат и високо ценат.
Данчо Чевревски почина на 29 октомври 2020 година, по долго боледување, оставајќи зад себе богата оставина и генерации студенти на кои им го пренесе својот непроценлив талент и искуство.
Реклама
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден