во ,

Човеку, зошто пасеш трева?

Едно пролеттно попладне, еден многу богат адвокат возејќи се со својата нова лимузина забележал двајца мажи како пасат трева покрај автопатот…

Вознемирен од глетката, му наредил на својот шофер да застани и веднаш излегол да провери што се случува…

Се доближил до првиот маж и го прашал:

– Човеку, зошто пасеш трева ?

– Немаме пари за храна – му одговорил сиромашкиот, затоа пасиме трева.

– Па тогаш веднаш доаѓаш кај мене, во мојата куќа – му рекол адвокатот.

– Но господине јас имам жена и две деца, онаму се под дрвото и тие пасат трева – рекол сиромашкиот.

– Земи ги и нив со тебе – му рекол адвокатот…

Па се свртил кон другиот маж што пасел трева и му рекол:

– Дојди и ти со нас ако сакаш…

– Другиот сиромав со тажен глас рекол:

– Но господине и јас имам жена и 6 деца со мене, енеги и тие онаму пасат трева…

– Земи ги и ти и нив со тебе – рекол адвокатот…

Едвај ги собрало сите во лимузината.

Ко тргнале по пат сиромашните луѓе се свртиле кон адвокатот и му рекле:

– Господине премногу сте љубезни…

Ви благодариме што не зедовте кај вас”

А адвокатот им рекол:

– Со задоволство. Сигурен сум дека многу ќе ви се допадне кај мене. Тревата во дворот е веќе пола метро израстена…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Куме, дојди по мене, мртов пијан сум…

Се пријавиле Французин, Англичанец и нашиот пијаница Стојан…