во ,

Чудо на Света Гора: Немото момче од Македонија проговори пред иконата на Богородица

Во манастирот Дохиари на Света Гора, пред чудотворната икона на Богородица Горгоепикос, се случи чудесен настан кој предизвика восхит и зачуденост кај присутните. Осумнаесетгодишно момче од Струмица, кое никогаш претходно не зборувало, изговори зборови на својот мајчин јазик за првпат: „Мајко Богородице, дај ми здравје.“

Според сведоштвата на монасите и присутните во манастирот, момчето пристигнало пред десетина дена на Света Гора за да се помоли пред иконата на Богородица, позната по тоа што „брзо ги слуша“ молитвите на верниците. Во моментот кога се нашло пред иконата, момчето изговорило зборови, што за него било прво и неочекувано искуство.

„Благодарам, веќе се чувствувам многу добро,“ им рекло момчето на присутните по завршувањето на молитвата. Ова чудо е потврдено од свештениците во Струмица, а настанот беше пренесен од медиумите и црковните портали во Македонија и Грција.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Експертите препорачуваат вежбање во природа за намалување на стресот

Поларна експлозија пристигнува на Балканот: Македонија ја очекуваат екстремен студ и обилен снег