во , ,

Шварценегер требаше да снима во СФРЈ поради Тито! Славниот глумец сакаше во Југославија, но поради ова пропадна сè

Арнолд Шварценегер требаше во 1980 година филмот “Конан Варварин” да го снима во тогашна Југославија, но смртта на Јосип Броз Тито сè му поремети! Режисерот на филмот Џон Милиус имаше голема желба таа 1980 година оваа авантура која стана култна да ја сними во СФРЈ, но поради смртта на нашиот тогашен претседател сè се изјалови.

Бидејќи Југославија отпадна како решение, креаторите на “Конан” се свртеа кон други земји. Во опција беа Италија, Соединетите Американски Држави и Шпанија.

На крајот, донесена е одлука која е економски најисплатлива. Продукцијата на филмот “Конан Варварин” имаше значително пониски трошоци во Шпанија во споредба со други земји како Италија или Соединетите Американски Држави.

Купи Маица

Според зборовите на Арнолд Шварценегер, Шпанија беше “претприемничка и земја која не е синдикална”, што значеше дека филмската екипа можеше да работи за пониски плати, што доведе до намалување на вкупниот буџет.

Во Италија и Соединетите Држави, регулативите на синдикатите и поголемите плати би го направиле филмот поскап – во Италија би чинел 32 милиони евра, а во САД дури 60 милиони евра. Но во Шпанија, буџетот беше само 19 милиони евра, што ја направи Шпанија економична локација за снимање.

Оваа стратешка одлука помогна да се намалат трошоците за продукција, додека истовремено се постигна висок квалитет на филмот кој беше потребен.

Тоа не беше единствениот проблем со кој се соочуваше тимот за реализација на филмот во Шпанија. Студените февруарски температури во Сеговија предизвикаа вештачката крв да замрзне, па мораше да биде измешана со вотка (која содржи етанол и го спречува нејзиното замрзнување на ниски температури).

Исто така, имаше проблеми со шпанските статисти.

“Премногу споро умираа”, пишува Шварценегер во својата автобиографија и додава:

“Режисерот Милиус постојано им велеше: `Кога ќе ве боцне Конан, едноставно паднете`. Но тие паѓаа театарски, па стануваа, повторно паѓаа, здивнувајќи… Јас бев зафатен со убивање на мојот следен противник и слушнав како Милиус му вика на еден тип зад мене, `Мртов си! Легни долу! Засечен си, не мрдај се!` На крајот режисерот им понуди повеќе пари за да останат мирни и да глумат потполно мртви”, наведе Шварценегер.

Додека го снимаше филмот “Конан Варварин”, Шварценегер имаше време да го открие Мадрид.

“Мислев: `Еј, еј, чекај, јас сум во Мадрид! Ајде да видам музеи, интересна архитектура, да откриеме згради и улици. Ајде да пробаме некои ресторани за кои сите зборуваат. И ајде да се обидеме да вечераме во 11 навечер како Шпанците`”, наведе Шварценегер.

Инаку, Шварценегер доби понуда од 230.000 евра за првиот филм, милион евра за следниот и близу 2 милиони евра за третиот (на крајот, сними само два).

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година, а беше погребан во Куќата на цвеќето во Белград.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Поранешната на Џони Деп избега од САД! Глумицата го обвини Деп за злоставување, смени име, па замина во оваа европска земја

Се снима филм за Хи-мен! Еве кој ќе го глуми славниот цртан јунак