во

Шеикот полуде по Цеца: Милионер закупи ВИП сепаре за настапот на српската пејачка, не прашувајќи за цената

Еден богат Арапин од Дубаи е толку фасциниран од српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ (51), што не можел да дочека нејзиниот концерт на 15 ноември и два месеци пред настанот закупил ВИП сеpare веднаш пред сцената. Според информации блиски до организаторите, милионерот не се двоумел да плати колку и да е потребно, само за да обезбеди совршено место од кое ќе ја гледа неговата омилена пејачка.

Прв купил билети за концертот

“Веднаш штом билетите беа пуштени во продажба, луѓето од протоколот на шеикот беа меѓу првите кои побараа карти. Објаснија дека нивниот шеф сака да биде во ВИП сеpare пред сцената за да ужива не само во музиката, туку и во нејзиниот изглед,” изјави добро информиран извор. Истотo лице додаде дека било изненадено што арапски граѓани се заинтересирани за српската музика и пејачи.

Според истиот извор, шеикот веќе ја слушал Цеца порано, иако не е јасно дали тоа било во живо или преку нејзините песни и спотови. “Кажал дека би сакал да ја запознае лично и да и изрази колку му се допаѓа нејзината музика. Закупија 10 билети и сеpare уште два месеца пред концертот. Сигурни сме дека го бројат секој ден до нејзиниот настап,” додаде изворот.

Огромен интерес за концертот

Интересот за настапот на Цеца во Обединетите Арапски Емирати е огромен, што доведе до проширување на капацитетите на клубот каде што ќе се одржи концертот. Билетите се распродадени повеќе од месец и пол пред концертот, а организаторите од „Балкан Мјузик Ивентс“ морале да направат дополнителни места.

“Очекувавме добар одзив, но не во толкава мера. Цеца не е само најголема ѕвезда на Балканот, туку и на светско ниво, вклучувајќи ги и Емиратите. Во Дубаи има многу наши луѓе од сите поранешни југословенски републики, кои со нетрпение го чекаат 15 ноември за да уживаат во нејзините хитови,” рече Ѓорѓе Пешиќ од „Балкан Мјузик Ивентс“.

Покрај тоа, многу нејзини колешки како Катарина Грујиќ, Марина Висковиќ, Каја Остојиќ и други, исто така, ќе отпатуваат за Дубаи за да присуствуваат на овој голем настан.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Урганот Кирк налетува на Европа побрзо од очекуваното! 5 земји под закана од страшна бура

8 спални, 11 бањи, кино, базен… Јелена Јанковиќ живее со сопругот и ќерката во луксузна вила во Сан Диего! Пензија од соништата