во ,

Што имаш во ранецот? – Прашал американскиот граничар…

Мексиканец на велосипед стигнал до границата меѓу Мексико и САД. Носел тежок ранец.

– Што имаш во ранецот? – Прашал американскиот граничар.

– Песок! – Одговорил мажот.

Граничарот проверил и навистина имало песок. Затоа го пуштил мажот.

По неколку дена мажот со велосипедот пак се појавил и повторно со тежок ранец.

– Што има во ранецот? – Прашал граничарот.

– Песок.

Граничарот проверил, се уверил дека носи песок и го пуштил да помине.

И така секоја недела, додека еден ден по шест месеци велосипедистот не престанал да се појавува. По неколку дена граничарот го сретнал во еден бар.

– Еј! – му се обратил граничарот.

– Ти не збудале последната половина година. Сигурни сме дека пренесуваше нешто нелегално. Те молам кажи ми што шверцуваше, ти ветувам дека ќе си остане меѓу
нас.

– Велосипеди! – Одговорил Мексиканецот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Полицаец запира пијан возач во Битола и му дава да дува…

17 Луѓе кои не треба да се пуштаат во кујна