во ,

Ѓаволот фатил Русин, Македонец и Американец и им рекол: Кој ќе ми покаже што е тоа вистински ќеф…

Ѓаволот фатил Русин, Македонец и Американец и им рекол:

– Кој ќе ми покаже што е тоа вистински ќеф, ќе го пуштам жив, ако не во пеколот!

Русинот го поканил на вотка. Пиеле вотка, мезеле со краставички и така цела ноќ. Ѓаволот се израдувал:

– Ќеф, ќеф, ќеф!

Наутро очите матни, глава го боли… Ѓаволот се налутил:

– Ова ли е ќеф бе – и оп Русинот во пеколот.

Американецот го поканил на виски. Пиеле виски, мезеле со ф’стаци и така цела ноќ. Ѓаволот се израдувал:

– Ќеф, ќеф, ќеф!

Наутро очите матни, глава го боли… Ѓаволот се налутил:

– Ова ли е ќеф бе – и оп Американецот во пеколот.

Македонецот го однел во една кафеана и нарачува:

– Гајба пиво и 50 кебапчиња.

Испиле по три пива и Ѓаволот:

– Ми се моча!

– Чекај! Не брзај! – Го запрел Македонецот.

Испиле по седум пива и на Ѓаволот веќе му се плачело:

– Ми се моча-а-а-а…

– Чекај! Не брзај! – Го запрел Македонецот.

Ја испиле целата гајба пиво, а Ѓаволот веќе лелекал:

– Ми се моча-а-а-а!!!

– Доста плачеш! Ајде, оди мочај! – Му дозволил Македонецот.

Отрчал Ѓаволот зад аголот и се слушнало олеснително стенкање:

– Оооо, е ова било вистински ќеф…

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На плавуша и стига писмо од банка и со големи букви пишува…

Едното другарче му се фали на другото: Види, си купив нови патики!