Јаник Синер, една од водечките фигури во светскиот тенис, се најде во центарот на вниманието поради новиот пресврт во неговата антидопинг афера.
Светската антидопинг агенција (WADA) поднесе жалба на ослободителната пресуда од март, што сега ќе се разгледува на Судот за спортска арбитража (CAS). За Синер се бара суспензија од 12 до 24 месеци.
Видно разочаран, Синер за првпат јавно проговори за случајот:
„Не можеме да контролираме сѐ, нели? Искрено, многу сум разочаран и изненаден од оваа жалба, бидејќи имавме три сослушувања – сите завршија позитивно за мене. Не го очекував ова. Знаев неколку дена дека ќе се жалат, но денес официјално го објавија тоа. Можеби само сакаат да се уверат дека сѐ е на место, но сепак сум изненаден,“ изјави Синер.
И покрај оваа неизвесност, Италијанецот денес се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг, победувајќи го Роман Софиулин со резултат 2:1.
Но, постои можност наскоро да не го видиме на терените, додека се чека конечната одлука од CAS.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден