во ,

Јас сум македонски пензионер. Цел живот работев, се мачев и сега останав сам. Утре е голем празник…

Си седел еден пензионер дома, замислен и тажен. Било ден пред Нова Година, а тој немал ниту денар да си купи нешто убаво за јадење за празникот. Мислел, мислел и решил да му прати писмо на Дедо Мраз. Зел лист и пенкало и напишал:

„Драг Дедо Мраз,

Јас сум македонски пензионер. Цел живот работев, се мачев и сега останав сам. Утре е голем празник, а немам ниту денар за да го поминам како човек. Те молам испрати ми барем 1000 денари ако сум заслужил.“

Го ставил старецот писмото во плик, си ја напишал позади адресата, го врзал за еден балон и го пуштил. Летнал балонот над градот, а старецот останал да го чека Дедо Мраз со надеж.

Неколку улици понатаму бил паркирана полициски автомобил, а полицајците надвор стоеле и пиеле кафе. Едниот го видел балонот со писмото и рекол:

– Колега, што се случува тука бе? Балон, писмо, нешто ми мириса на криминал.

– Во право си, ајде да провериме! – рекол другиот, го извадил пиштолот и го погодил балонот. Го извадил писмото и го прочитал на глас. Полицајците се натажиле. Двајцата имале татковци пензионери како човекот што го пратил писмото и ги погодило во срцата. Помислиле малку и едниот рекол:

– Колега, дај да му ставиме на човекот 1000 денари во плик и да му ги однесеме на адресата. Ќе му речеме дека Дедо Мраз му ги праќа.

– Добра идеја колега. Почнале да бараат во џебовите, ама собрале само 600 денари. Се помислиле што да прават и едниот рекол:

– Старецот и така нема пари, па и овие 600 денари ќе му се доста. Ајде да му ги однесеме.

– Така е, колку-толку.

Ги ставиле парите во пликот и отишле на адресата. Заѕвониле на вратата, дедото ги видел преку шпиунката, се исплашил и не им отворил. Тие почекале и откако виделе дека никој не отвора, го пикнале пликот под вратата и си тргнале задоволни затоа што направиле добро дело. Си се качиле во автомобилот и си се вратиле на старото место.

По 15-20 минути, едниот пак здогледал балон со писмо во воздухот.

– Абе што им е на луѓево денес колега? Ајде да го провериме и ова.

Го погодиле балонот, го зеле писмото и го прочитале:

„Драг Дедо Мраз,

Ти благодарам што ми ја исполни желбата! Само те молам, нареден пат ако ми праќаш пари, прати ги по пошта, затоа што полицајците што ми ги донесоа си дрпнале 400 денари мито.“

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Го пратила сопругот по хигиенски влошки, она што го купил насмеало милиони: „Сега ништо не ми е јасно“

Еден ден случајно прашала некој млад човек кој се шетал во паркот додека пешачела кон дома…