во ,

ЈОКИЌ СЕ „СКРШИЛ“ ПОРАДИ НАТАЛИЈА: Сакал да ја НАПУШТИ кошарката кога таа заминала во Америка!

Прославениот кошаркар Никола Јокиќ ја запознал љубовта на својот живот уште во школските денови. Тоа е неговата сегашна сопруга Наталија. Таа му роди две деца и денес му е најголема поддршка.

Но, малкумина знаат дека нивната љубов за малку ќе го чинела кариера. Јокиќ своевремено сакал да се откаже од кошарката токму поради неа. Оваа приказна ја откри неговиот покоен тренер.

Имено, само два месеци откако почнале врска, Наталија заминала на школување. Отишла да студира психологија во Америка. Се запишала на Метрополитен Стејт универзитетот.

Купи Маица

Никола Јокиќ многу тешко го поднел нејзиното заминување. Неговиот тогашен тренер во Мега Баскет, покојниот Дејан Милојевиќ, раскажа за тој период. Во емисија на РТС посветена на Јокиќ, Милојевиќ откри дека Никола сакал да стави крај на кариерата.

„Имав и лоши натпревари… Не знам, ќе се случи нешто, нема да ти оди… Не можеш ни да трчаш, ништо… а малку и не сакаш, и кога сето тоа ќе се спои, бидува катастрофа“, раскажувал и самиот Јокиќ во емисијата, присетувајќи се на тешките моменти.

„Деки, веќе не ми се игра кошарка“

Милојевиќ се присетил на клучниот момент кога Јокиќ му се доверил. „Едноставно, имаше тежок момент“, раскажува Милојевиќ во документарецот. „Неговата сегашна сопруга Наталија замина за Америка и нему едноставно не му се играше.“

„Тој во еден момент на тренинг ми рече: ’Деки, мене веќе не ми се игра кошарка’“, откри Милојевиќ. „Тоа ми беше шок. Се обидов да му објаснам. Сфатив што е причината. Не беше дека не ја сака играта или дека му здодеало – не.“

„Едноставно, емотивно беше празен. На тоа се надоврза нејзиното заминување на студии. Него тоа доста го погоди“, објаснил тренерот. „Ми требаше време да го вратам, главата повторно да му биде на тренинг“, заклучил покојниот Милојевиќ.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВЕ УБОДЕ ПЧЕЛА, ОСА ИЛИ СТРШЛЕН? Совет од пчелар како да спречите ОТОК И БОЛКА веднаш!

МНОГУ ВЕРНИЦИ ГРЕШАТ: Што ПРАВИЛНО се прави со СТАРАТА Чуваркуќа за Велигден?