во ,

Маж по грешка купил 1000 кокошки преку онлајн аукција

Стив Мороу немал поим во што се впушта кога ставил прилично голема понуда на новозеландската аукциска страница “Trade Me”. Аукцијата била организирана за продажба на 1000 кокошки.

Една мала фарма била пред затворање и било потребно итно да се пронајде дом за овие животни. Мороу мислел дека победникот на аукцијата може да земе онолку кокошки колку што сака, но се покажало дека не бил во право.

“Кога аукцијата се затвори, помислив дека е супер што можам да земам онолку кокошки колку што сакам, но кога разговарав со човекот, сфатив дека ги добивам сите 1000. Бев запрепастен”, изјавил Стив.

Сопственикот рекол дека неговата реклама била збунувачка, но тој не се сложил со него. Истакнал дека рекламата во која три пати се споменуваат 1000 кокошки е многу јасна.

Сега Мороу се обидува да пронајде нов дом за кокошките бидејќи нема каде да ги смести. Откако го објавил својот случај на социјалните мрежи, вдомил околу 700 кокошки. За себе задржал 20, а сега бара дом за уште 280 кокошки.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Од најглупавите изјави на познатите дадени некогаш

15 најдобри костими на славните личности за овогодишната Ноќ на вештерките