во ,

Овој McDonald’s бургер е стар 10 години – во живо се пренесува што се случува со него

Десетина години стариот McDonald’s бургер, кој е послужен пред тој ланец да ги затвори сите свои локали во Исланд, венее во живо пред очите на илјадници гледачи на интернет.

Наизглед неуништливиот бургер со порција пржени компирчиња е заштитен со стакло како скапоцен камен.

Американскиот ланец ги затворил трите продавници во Исланд за време на финансиската криза во 2009-та година и така таа земја станала единствена на запад без McDonald’s.

Хјортур Смарасон, на 31-ви октомви таа година пред затворањето на ресторанот купил бургер за да го зачува.

https://www.instagram.com/p/8pZ4UgHKb3/?utm_source=ig_embed

„Одлучив да купам последен оброк поради неговата историска вредност, бидејќи McDonald’s се затвораше“, рекол Смарасон, комуникациски менаџер на компанија која е специјализирана за вселенски туризам.

„Слушнав дека бургерот на McDonald’s никогаш не се распаѓа и сакав да го проверам тоа“, рекол тој.

Прво бургерот го чувал во гаража, а потоа го позајмил во националнит музеј. Бургерот потоа се преселил во хотелот во главниот град Рејкјавик, а сега е изложен во хостел на југ од Исланд.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Овој германски овчар и оваа ласица се преслатки и неразделни пријатели

Кога сопствениците ќе споменат прошетка, овој боксер ја има најсмешната реакција на светот