Авион на „Scandinavian Airlines“ мораше итно да слета во Данска откако една патничка добила вистински шок – од нејзиниот оброк излегол лилјак и почнал да лета низ кабината!
Летот од Осло до Малага, кој се одвивал во средата, се претворил во вистинска драма кога неочекуваниот „патник“ го вознемирил целиот авион. Исплашените патници скокале и панично бегале од своите седишта, откако една жена го отворила својот ланч пакет и забележала лилјак во него.
“Не можам да поверувам, жената до мене отвори храна, а лилјак излета!”, напишал патникот Јарле Борестад на Фејсбук, споделувајќи го своето неверојатно искуство.
Компанијата веднаш реагирала и објаснила дека пилотот морал да слета во Копенхаген, бидејќи присуството на глодари може да претставува сериозен ризик за електричните инсталации во авионот. Патниците биле префрлени на друг лет кон нивната дестинација.
„Ова е исклучително редок случај, но преземавме мерки за да се осигуриме дека нема повторно да се случи“, изјави портпаролот на авио-компанијата.
Како малиот лилјак завршил на летот, останува мистерија.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден