во

Адријана Лима блесна по 6 години пауза, сестрите Хадид го освоија шоуто: Грандиозно враќање на Victoria’s Secret 2024

По шест години пауза, Victoria’s Secret се врати со спектакуларно модно шоу, кое ја врати на пистата и легендарната Адријана Лима. Лима, која го напушти брендот во 2018 година, го имаше своето триумфално враќање на шоуто во Њујорк, покрај светски познати имиња како Тајра Бенкс, Џиџи и Бела Хадид, Ирина Шајк и многу други.

Модното шоу, прво по шест години од 2018-та, кога се одржа последното издание, ги собра најголемите ѕвезди на модната индустрија и беше вистински спектакл за љубителите на модата. Најголемата сензација беше враќањето на 43-годишната бразилска убавица Адријана Лима, која долго време беше заштитно лице на брендот. Иако многумина се сомневаа во нејзината форма по годините надвор од пистата и борбата со килограмите, Лима блесна во два впечатливи аутфити – црвен и црн – докажувајќи дека сè уште го има оној „ангелски“ сјај.

„Враќањето дома“ на Лима беше најавено со голем интерес од страна на организаторите и медиумите, а нејзината појава на пистата предизвика лавина позитивни реакции на социјалните мрежи. Фановите беа воодушевени од нејзиниот изглед, коментирајќи дека изгледа исто како во нејзините најславни денови, и покрај тоа што сега е мајка на три деца и влезе во петтата деценија од животот.

На шоуто се појави и друга модна икона – Александра Амбросио, која заедно со Лима долго време доминираше на ревиите на Victoria’s Secret. Но, оваа година, шоуто го украдоа сестрите Хадид. Џиџи Хадид ја отвори ревијата во розов аутфит со импресивни крилја, додека нејзината сестра Бела доби статус на „кралица на шоуто“, според многу обожаватели на социјалните мрежи.

Покрај Лима и Хадид, на пистата се појавија и познати модели како Ирина Шајк, Кејт Мос и нејзината ќерка Лили, како и плус-сајз моделот Ешли Греам, која привлече внимание со својот впечатлив настап. Шоуто заврши со грандиозно појавување на Тајра Бенкс, која повторно ја затвори ревијата, оставајќи го публиката воодушевена од ова модно враќање на Victoria’s Secret.

Шоуто од 2024 година ќе остане запаметено како едно од најспектакуларните до сега, комбинирајќи го старото гламурозно наследство со новата енергија на младите модели, кои дополнително го подигнаа нивото на ова светски познато шоу.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тоше Проески: Ја откачи Гоца Тржан за да биде со нас – тоа го правеше голем

Тиктокерка ги воодушеви социалните мрежи: Зборувала јазик што Словените го разбираат без учење!