во

Александра Пријовиќ го најави повлекувањето по Белградскиот концерт – открива што следува и дали семејството се зголемува

Популарната музичка ѕвезда, Александра Пријовиќ, ќе ја заврши својата голема концертна турнеја со спектакуларен концерт во белградската Арена на 22 декември. Овој концерт е посебен бидејќи турнејата започна токму во Белград, каде што публиката прва го препозна нејзиниот талент и ѝ помогна да се искачи на музичките височини.

Во интервју за “Блиц”, Пријовиќ зборува за успехот што го доживеа на оваа турнеја, а сподели и некои приватни планови.

„Белград е местото каде што сѐ започна и секогаш носам посебни емоции од тука. Имам веќе трема за последниот концерт на 22 декември, но верувам дека ќе биде посебен на свој начин,“ открива таа.

Пријовиќ ја распродаде четвртата вечер во арената за само 24 часа, и покрај тоа што не беше сигурна како ќе реагира публиката. „Немав страв, но не верував дека билетите ќе се распродадат толку брзо. Подготвуваме нешто посебно за таа вечер, нешто што ќе ги изненади сите, бидејќи публиката заслужува незаборавно искуство.“

Пејачката на турнејата посветила големо внимание на квалитетот на продукцијата и настапите, без разлика дали се работело за големи или помали градови. „Секогаш се трудам да понудам ист квалитет, без разлика каде настапувам. Но, за последниот концерт во Белград ќе направам нешто навистина уникатно,“ вели Пријовиќ.

Иако нејзините обожаватели сигурно би сакале уште еден концерт, пејачката јасно стави до знаење дека нема да има продолжение на турнејата. „Како што објавив на Инстаграм – само еден концерт за крај. Тоа беше мојата замисла од почетокот, а и да сакав да додадам уште еден датум, во Арената веќе нема слободни термини,“ објасни таа.

Александра е свесна за успехот кој го постигна, но таа вистински го чувствува тоа само кога излегува пред публиката. „Кога ги гледам снимките од концертите, не можам да не заплачам од среќа. Пријателите ми велат дека не сум се променила, и тоа за мене е вистинскиот успех.“

По концертот во Белград, Пријовиќ планира заслужена пауза. „Планирам да се повлечам од јавноста на некое време. Следната година ќе се посветам на создавање нови песни, семејството, пријателите и одморот.“

Заедно со нејзиниот сопруг, Филип Живојиновиќ, кој е заслужен за многу од нејзините хитови, Пријовиќ планира нови музички проекти. „Филип создаде неколку прекрасни песни, иако само во паузите меѓу концертите. Се радувам на она што доаѓа,“ вели таа.

Пејачката исто така сподели дека можеби е време за нов член во семејството. „Нашиот син Александар одамна сака братче или сестричка, така што тоа е веројатно следниот чекор,“ открива Александра со насмевка.

Иако на социјалните мрежи неодамна се појави видео кое предизвика врева, каде Филип се гушка со пејачката Сандра Африка, Пријовиќ не го зема при срце. „Навикнати сме на вакви шпекулации. Јас дури му реков на Филип: ‘Добро е што овојпат не ме поврзуваат мене со некого’“, коментира таа со насмевка.

Се чини дека иднината на Александра Пријовиќ ќе биде исполнета не само со нови музички проекти, туку и со проширување на семејството, како и заслужен одмор и подготовки за нови успеси.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

(ВИДЕО) Дунава поплави цело населено место кај Сомбор: Водата достигнува до прозорците, луѓето се движат со чамци

Човек преживеал клиничка смрт и тврди дека ангели го одвеле на необично место во рајот: Еве што нè чека на “другата страна”!