во

Ана и Алексеј блескаа на првата проба за детската Евровизија – „Нивната енергија е супер заразна“

Младите и талентирани претставници на Македонија, Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, го одржаа својот прв настап на евровизиската сцена во Мадрид, Шпанија, подготвувајќи се за големиот настан на 16 ноември. Со својата заразна енергија и харизма, Ана и Алексеј веќе ги освоија срцата на многумина, ширејќи позитивна атмосфера меѓу публиката и тимовите.

Нивната песна „Маратон“, за која музиката ја создаде Лазар Цветкоски, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска, носи инспиративна порака и звучи моќно на евровизиската сцена. Објавено е и кратко видео од пробата, на кое фановите имаа можност да видат дел од динамичната и енергична изведба на младите битолчани.

@eurovisionjr

Their energy is super infectious! ⚡️⚡️ Ana & Aleksej give us double the spark on ‘Marathon’ 🇲🇰 #NorthMacedonia Watch #JESC2024 on Saturday 16 November at 18:00 CET and vote for your favourites at jesc.tv! #LetsBloom 🌸

♬ original sound – Junior Eurovision – Junior Eurovision

„Нивната енергија е супер заразна“, гласи описот на видеото, што дополнително ги поттикна симпатиите и поддршката за македонскиот тим на овој престижен настан.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џесика Алба блескаше во тоалета на гала настанот Baby2Baby во Лос Анџелес

Денеска се чествуваат Светиот Зиновиј и сестра му Зиновија – Симбол на храброст и вера