во ,

АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ХРВАТСКА: Врнежите од БиХ пристигнаа во Макарска! Поплавите однесоа автомобили во морето

Поплави во Далмација

Поплавите кои изминатите денови ја погодија Босна и Херцеговина стигнаа и до малото рибарско гратче Подгора на Макарска ривиера.

За нешто повеќе од еден час во Подгора наврнале 140 литри дожд на метар квадратен, а дождот се уште врне. Сите противпожарни бригади се на терен.

Според неофицијални информации, пороите фрлиле неколку автомобили во морето.

Муп на Република Хрватска соопшти дека 3.000 луѓе останале без струја.

Како што пренесува „Слободна Далмација“, ова не го паметат ниту најстарите подгоранци. Поплавени се десетици подруми и угостителско-стопански објекти, а од неколку куќи буквално излета вода.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

‘Xiaomi’ ја освојува Европа – Кинескиот гигант со големи планови на континентот

Еден ден мајка ти нема да ти се јави повеќе – искористи го времето сега