во ,

Астронаут сними чудни шарени светла: Се нижеа едно по друго и исчезнуваа во дел од секунда (ВИДЕО)

Астронаутот на НАСА, Дон Петит, направи неверојатна снимка од редок атмосферски феномен на Земјата од Меѓународната вселенска станица (ISS).

Додека ISS кружеше над Јужна Америка, Петит сними нешто што е класифицирано како „минлив светлечки настан“ (Transient Luminous Events или TLE на англ.). Тоа се светли, шарени блесоци на светлина побрзи од молња, кои понекогаш се нарекуваат „спрајтови“ (митолошки суштества со крилја на инсекти од Западна Европа, често прикажани како светкаат близу водни површини).

Купи Маица

Петит од своја перспектива, далеку над Земјината атмосфера, можеше да ги види тие „спрајтови“ директно одозгора, гледајќи во „надир“, поточно точката директно под одредена локација.

„Надир поглед на минливи светлечки настани (TLE) или горни атмосферски молњи“, напиша тој на мрежата X покрај видеото од феноменот.

Видеото го сними блескањето на „спрајтови“ над Амазонскиот басен во траење од шест секунди, но е забавено, па трае 33 секунди.

Инаку, ова не е првпат ваква појава да биде снимена од камера на ISS. Така во 2024 година, астронаутот на НАСА, Метју Доминик, го забележа еден од најнедостижните атмосферски феномени познат како „црвен спрајт“.

Тие се јавуваат за време на особено силни грмотевици и патуваат нагоре во атмосферата, за разлика од нормалните молњи кои патуваат надолу до површината на Земјата, пишува Space.com.

Спрајтовите како оние што ги сними Петит се појавуваат многу повисоко во атмосферата од обичните молњи. Нивното име исто така е акроним за „стратосферски пертурбации кои се резултат на интензивна електрификација на грмотевици“.

Се создаваат кога електрични празнења од молњи избиваат нагоре, создавајќи експлозии на плазма во јоносферата, која се наоѓа на околу 80 км над Земјината површина. Камера првпат ги сними дури во 1989 година.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Саудиска Арабија планира да го изгради највисокиот облакодер во светот – 2 километри до небото!

Трговската ВОЈНА на Трамп: ПЕТ ВЕТУВАЊА, НУЛА ИСПОЛНУВАЊА – Анализа на НЕУСПЕХОТ