во ,

А, што со вишокот велигденски јајца? Направете прелив за вкусна салата со млади компири

Кршењето со јајца ни е најомилената велигденска традиција. Вишокот скршени јајца најчесто ги употребуваме во Мимоза салата. Но, постојат и многу други вкусни рецепти со варени јајца кои вреди да ги испробате.

Подгответе вкусна салата со млади компирчиња и неодолив прелив со варени јајца, сенф и бел вински оцет:

Потребни состојки:

  • ½ kg млади компири исечкани на резанки
  • Маслиново масло
  • Сол, црн бибер (по вкус)
  • 1 шолја рендан пармезан

Преливот всушност содржи варени јајца, познат уште како Gribiche Dressing.

За преливот ќе ви бидат потребни:

  • 3 тврдо варени јајца, сечкани на коцки
  • 6 мали корнишони, исечкани на парчиња
  • 1/3 шолја маслиново масло
  • 2 лажици бел вински оцет
  • 1 лажица исцедени и ситно сечкани капери (по желба)
  • 1 лажица сенф
  • Сечкан свеж магдонос

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 220°С. Ставете ги исечканите компири во тавче врз хартија за печење и пропрскајте ги со малку маслиново масло. Ставете сол и бибер по вкус и печете ги 20-25 минути додека не заруменат.
  • Откако ќе ги извадите од рерната, посипете ги со ренданиот пармезан. Вратете ги повторно во рерната околу 1 минутка додека пармезанот не се растопи и извадете ги повторно.
  • Во подлабок сад измешајте ги сите состојки за преливот, вклучувајќи ги нормално и тврдоварените јајца. Измешајте ги со компирите и додадете свеж магдонос по желба. Уживајте во овој интерес вкус.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Оваа мечка живее кралски: Ја ранат со лажица, снима филмови и реклами

WWF: Природата секогаш може без нас, но не и ние без неа, затоа се потребни итни мерки