Евелин Шо (81) од САД пред околу две седмици ја примила и втората доза од вакцината против коронавирусот, а потоа докторот ѝ дал еден несекојдневен упат.
Како и секој докторски упат, и овој делува како да не може да се прочита, но кога подобро ќе погледнете, може да сфатите за што станува збор.
Имено, докторот за бабата од Њујорк имал еден совет кој што нејзе ја натерал да се насмее, но и да пушти некоја солза.
На упатот пишувало: „Сега дозволено ви е да ги прегрнете вашите внуки“.
First hug she’s had in a year. Thank you to all the scientists and doctors who made this happen! pic.twitter.com/puvJlJpDoy
— Jessica Shaw (@JessicaShaw) March 9, 2021
Бабата Евелин веќе една година не ги прегрнала своите внуки, а нејзината ќерка вели дека Евелин имала страв да им се приближи, дури и откако ги примила двете дози од вакцината.
Поради тоа докторот одлучил да ѝ препише „контакт со луѓето“.
Нејзината ќерка Џесика изјавила дека потоа следела прегратка, на која што бабата чекала една година затоа што постојано ги почитувала мерките поради пандемијата на коронавирусот.
„Им благодарам на научниците и докторите кои што овозможија да се случи ова“, напишала Џесика на Твитер поставувајќи ја снимката од прегратката со нејзината мајка.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден