во , ,

Баерн доби неочекувана забрана – УЕФА не дозволува црвени дресови во ЛШ!

Баерн Минхен, еден од најголемите фудбалски клубови во Европа, доби неочекувана блокада од УЕФАво Лигата на шампионите нема да може да ги носи своите славни црвени дресови!

Што се случи? 🤔

Според Bild, УЕФА ја донесе оваа одлука бидејќи црните броеви на црвениот дрес не се доволно видливи за ТВ гледачите и публиката на стадионите, што ги крши прописите за јасност и читливост.

Ако Баерн сака да го задржи својот дрес, ќе мора да ги промени боите на броевите и презимињата – од црни во бели!

Кога стапува на сила забраната?

Баерн веќе неколку натпревари во Лигата на шампионите настапуваше со алтернативни дресови во црна или беж боја, а истиот случај ќе биде и на претстојниот дуел против Селтик во Шкотска.

Иако шкотскиот тим игра во зелено-бели дресови, Баерн повторно нема да може да ги носи своите традиционални црвени!

Селтик не се плаши од Баерн!

„Воопшто не се сомневам дека можеме да го победиме Баерн. На секое ниво покажавме дека сме способни да постигнуваме голови“, изјави тренерот на Селтик, Брендан Роџерс.

Фактите велат дека Селтик е непоразен на домашен терен сезонава, а веќе докажа дека може да се носи со германските гиганти, победувајќи го Лајпциг со 3:1 на „Селтик Парк“.

Ќе ги промени ли Баерн дресовите или ќе продолжи во невообичаена боја?

Останува да видиме како ќе реагира германскиот клуб, но едно е сигурно – најпознатите црвени дресови во фудбалот нема да бидат дел од Лигата на шампионите… барем засега!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Промашениот пенал што (не) ја промени историјата: Дали Југославија ќе опстанеше ако Хаџибегиќ погодеше?

Во овие земји мажите се вистинска „редокост“ – жените далеку побројни!