во

„Бев во минус од 100.000 евра, за малку ќе банкротирав“: Драган Бјелогрлиќ за искуствата што му го променија животот

Актерот, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ неодамна отворено проговори за своите деловни предизвици и проблемите со кои се соочувал на професионален план.

Тој откри некои детали што досега не биле познати за јавноста, вклучувајќи и финансиски тешкотии што речиси го довеле до банкрот.

„Филмот е чисто пазарна работа. Пробав да ги соберам неопходните средства од разни фондови, кои генерално не се враќаат, а потоа врз основа на тоа правиш проценка колку филмот може да заработи во кино и колку ќе вложиш од своите пари, ризикувајќи во однос на предвидената гледаност. Кога се работи за серии, тоа е поедноставно. За сега, не зависиш толку од успехот на серијата, туку од тоа дали си направил добар договор или не. Во суштина, продуцентите што добро сметаат веднаш остваруваат добивка, зависно од тоа како е спакувана серијата и како се договориле. Но, има и случаи, како што беше мојот со првата сезона на ‘Сенки над Балканот’, каде што не пресметав добро и завршив во минус од скоро 100.000 евра. Не направив добра пресметка, сакав да го задржам квалитетот до самиот крај и се надевав дека серијата ќе успее, и дека ќе можам да се извлечам во втората сезона, што за среќа и се случи“, изјави Бјелогрлиќ минатата година на „Зимскиот Вивалди форум“, пренесува „Мондо“.

Бјелогрлиќ призна дека едвај избегнал банкрот по снимањето на филмот „Рани“.

„Речиси банкротиравме по снимањето на филмот „Рани“. Бевме на работ на пропаст, во огромен минус. Од друга страна, тоа е еден од најзначајните филмови на деведесеттите години. Токму поради ова е тешко да се каже што е успех, а што е пораз во овој бизнис. На пример, „Рани“ – направивме одличен филм, но лош бизнис. Подоцна успеавме да се извлечеме со други филмови“, раскажа актерот.

Тој се осврна и на тешките деведесетти години, кога животот на Балканот беше особено тежок, но во исто време нагласи дека токму тогаш беа направени некои од најдобрите филмови.

„Во тоа време работевме на „Лепа села лепо горе“, и немаше фирма која не нè одби за спонзорство. Ни помогнаа на некој начин, макар малку, затоа што од социјализмот и осумдесеттите години го имаа тој менталитет дека треба да се поддржува уметноста. Потоа дојде периодот на ДОС, кој, за жал, беше најлош. Тогаш дојдоа големите корпорации, почнаа транзицијата и купувањето, и тие буквално не се грижеа за српскиот филм, музиката или театарот. Од тој период имаме најмалку добри филмови. Сега, пак, дојдовме до сегашниот период, и морам да признаам дека оваа власт одвои најголема сума за кинематографија. Сепак, кога се израдувавме на таа поддршка, следеше ново разочарување – ни рекоа: ‘Добро, ние дадовме пари, но сега мора да се снима она што ние го кажуваме’, а тоа се претежно патриотски филмови, па филмови за Олуја, Кошарите, Јасеновац. Немам ништо против снимањето на тие филмови, само ми е важно да бидат квалитетни“, додаде Бјелогрлиќ.

Во своето интервју, актерот откри и што за него претставува најголемиот успех во животот.

„Најмногу сум горд што успеав во оваа незгодна професија да ја зачувам својата фамилија. Веќе 25 години сум во брак, имам две прекрасни деца и убава жена. Така што, мојот најголем успех е мојата сопруга. Можеби звучи малку патетично, но сум искрен. По потекло сум од Херцеговина и како мал ми рекоа дека Херцеговците се женат само еднаш во животот. И тоа добро го запамтив“, искрено изјави Бјелогрлиќ.

На крајот, тој сподели и совети за своите деца, велејќи дека без оглед на тоа колку е понекогаш тешка ситуацијата во Србија, секогаш ги советувал да ја побараат и приватната и професионалната среќа во својата земја, наместо во странство. „Овде никогаш не било лесно, но и покрај сè, им препорачав да се обидат да останат овде и да успеат во Србија“, заклучи актерот.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

(Фото) Првите автобуси тргнаа од новата главна автобуска во Белград

„Привилегија е да имам сопруг 35 години помлад од мене“: Верицa Ракочевиќ за љубовта, животот и креативноста