во ,

“Бегај од мојот двор”: Бизарен момент кога жена турнала мечка од ѕидот на својата градина за да ги одбрани кучињата

Снимката од жената која ги брани своите кучиња од мечка и која се појавила на ТикТок, станала вирална.

На снимката се гледа мечка како стои на ѕидот од задниот дел од дворот, додека неколку кучиња трчаат кон неа. Мечето кое било со неа побегнало кога кучињата почнале да лаат.

Купи Маица ❤

Во еден момент, мечката замавнала кон кучињата, по што жената од Јута, идентификувана како Хејли, излетала од својот дом, ја турнала мечката преку ѕидот и ги однела кучињата внатре, земајќи го најмалото во раце.

На ТикТок било потврдено дека мечката и мечето, како и сите кучиња, биле добро по овој инцидент.

Снимката од пресметката станала вирална и предизвикала дебата меѓу оние кои ја поздравуваат жената која ги бранела своите кучиња и другите кои укажале на тоа дека мечката само се обидувала да ги заштити своите мечиња.

Во шумите на Јута живеат американски црни мечки, кои, и покрај името, можат да бидат и кафени. Биолозите проценуваат дека ги има околу 4.000, пренесува “The Sun”. Овие мечки не се агресивни, но можат да нападнат луѓе во потрага по храна.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

600

Колку вределе најпопуларните дела на светските книжевници? Ова е сумата која Достоевски, Толстој и Пушкин ја заработиле

20 Пати кога луѓето забележале смешно фотошопирани слики и морале да ги споделат