во ,

БЕСКОНЕЧНА ЕНЕРГИЈА ОД КИНА? Откриен НОВ ИЗВОР на енергија во пустина – Дали ќе се реши ГЛОБАЛНИОТ ПРОБЛЕМ?!

Во пустините на северна Кина, во автономната област Внатрешна Монголија, геолози откриле „бесконечен“ извор на енергија кој би можел да ја напојува земјата цели 60.000 години, тврдат кинески научници, пренесува Екапија.

Реклама

Рударскиот комплекс Бајан Обо – скривалиште на „бесконечна“ енергија?

Рударскиот комплекс Бајан Обо, всушност, би можел да содржи доволно од елементот ториум (Th) за теоретски да ги снабдува кинеските домаќинства со доволно енергија „скоро засекогаш“, покажа внатрешна кинеска студија.

Ториум – револуционерен елемент со еден мал проблем

Ториумот е хемиски елемент со еден мал проблем – благо е радиоактивен. Благодарение на тоа, може да се користи за создавање нуклеарна електрана која користи реактор со стопена сол (MSR) за производство на електрична енергија. Ваквиот реактор може да произведе огромни количини на енергија, пренесува Дејли мејл.

Ториум – 200 пати повеќе енергија од ураниум, безбеден и ефикасен

Ториумот го добил името по нордискиот бог на војната Тор и може да генерира 200 пати повеќе енергија од ураниумот. А за разлика од ураниумските реактори, MSR со ториум како гориво се многу помали, нема опасност од топење на јадрото на реакторот, не им е потребна вода за ладење и произведуваат минимални количини на радиоактивен отпад.

Кинески експерти уверуваат – нема ништо спорно!

Сето тоа звучи речиси премногу добро за да биде вистинито, но кинеските експерти тврдат дека во оваа приказна нема ништо спорно.

Милион тони ториум во Бајан Обо – доволно за крај на зависноста од фосилни горива?

Според податоците од декласифицирано досие кое е доставено до South China Post, научниците проценуваат дека Бајан Обо би можел да донесе милион тони ториум.

Студијата понатаму наведува дека резервите на ториум во комплексот се „целосно недопрени“ и дека, ако се правилно извадени, би можеле да бидат доволно обилни за да стават крај на глобалната зависност од фосилни горива.

Петгодишен отпад од руда – енергија за Америка за 1.000 години!

На пример, кинеските научници тврдат дека петгодишното снабдување со отпад од руда на железо во еден од рудниците во Внатрешна Монголија содржи доволно ториум за да ги покрие енергетските потреби на Америка за цели 1.000 години. Имено, ториумот обично настанува како нуспроизвод при ископување на ретки метали.

233 зони богати со ториум во Кина – резервите далеку поголеми од очекувањата

Авторите на студијата пронашле 233 зони богати со ториум низ целата земја, а под претпоставка дека овие наоди се точни, тоа значи дека кинеските резерви на елементот значително ги надминуваат претходните проценки.

Прва нуклеарна електрана на ториум во пустината Гоби – оперативна до 2029 година

Кина минатата година одобри изградба на првата нуклеарна електрана во светот со MSR технологија на ториум во пустината Гоби.

Реакторот би требало да произведе 10 мегавати електрична енергија, тврдат научници од шангајскиот Институт за истражување и проектирање на нуклеарно инженерство.

Пекинг тврди дека постројката ќе биде оперативна до 2029 година и ќе ѝ помогне на Кина да постигне „енергетска независност“. Кина, инаку, драматично ги зголемува инвестициите во својата цивилна нуклеарна програма и планира да изгради 24 нуклеарни реактори до 2030 година.

Ториум – 500 пати поголеми резерви од ураниум, реактор на 1400 степени Целзиусови

Според проценките, резервите на ториум се 500 пати поголеми од резервите на ураниум 232 кој се користи за традиционални нуклеарни реактори. Во MSR реактор, ториумот се меша со хемиски литиум флуорид и се загрева на температура од 1400 степени Целзиусови.

Бесконечен извор на енергија – реактор кој сам се надополнува

Оваа смеса потоа се „бомбардира“ со неутрони сè додека дел од ториумот не почне да се трансформира во ураниум-232, кој потоа се распаѓа во реакција на фисија.

Во тој процес, ураниумот произведува повеќе неутрони кои претвораат дополнителен ториум во гориво. Во теорија, пишува Дејли мејл, ваквиот реактор би можел тој елемент да го претвори во речиси неограничен извор на енергија.

Сподели:
Кул Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОВАА ЖЕНА Е “LUTKA SA NASLOVNE STRANE”: Беше ФАТАЛНА за Бора Чорба, а кога го остави ѝ ја посвети “ОСТАНИ ЃУБРЕ ДО КРАЈА”!

ДВЕГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРОНАЈДЕНО ОД КУЧЕ ТРАГАЧ: Го бараа цела ноќ во Србија, а кучето од Горската служба за спасување стана ХЕРОЈ!