Бог го создал магарето и рекол: Ти ќе се викаш магаре. Ќе ринташ по цел ден и ќе те викам глупав.
Ќе живееш 20 години.
Магарето одговорило:
– Ух, тоа не звучи како добар живот. Може ли да живеам 5 години?
И Бог се согласил. Потоа Бог го создал кучето.
Му рекол:
– Ти ќе се викаш куче, и ќе живееш како потчинето животно.
– Ќе се храниш со остатоците од масата и ќе ја чуваш куќата.
– Ќе живееш 35 години.
Кучето одговорило:
– Тоа нема да биде баш лесно, може ли јас да живеам, ете само 15 години?
И Бог се согласил.
Потоа Бог го создал папагалот.
– Ти ќе се викаш папагал.
– Ќе седиш во аголот на дневната соба, ќе повторуваш што ќе кажат луѓето и ќе го иритираш секого. Ќе живееш 75 години.
Папагалот одговорил:
– Звучи малку досадно, а како би било да живеам 50 години?
И Бог се согласил.
И тогаш Бог го создал мажот.
– Ти ќе бидеш човечко суштество, маж, и ќе живееш одличен живот.
– Ќе бидеш мудар и паметен, ќе владееш и ќе одлучуваш на овој свет. Ќе живееш 20 години.
Мажот одговорил:
– Тоа звучи како добар живот, па не ли може да живеам барем малку подолго?
(тука мажот за прв пат ја искористил својата интелигенција)
– Може ли да ги добијам оние 15 години што ги одби магарето, оние 20 што не ги сакаше кучето и оние 25 од кои се одрече папагалот?
И Бог се согласил.
Од тогаш мажот живее одличен живот додека не наполни 20 години.
Следните 15 години рмба по цел ден, се жени и го нарекуваат глупав.
Потоа добива деца, живее од остатоците на масата и ја чува куќата наредните 20 години.
Последните 25 години седи во аголот на дневната соба, повторува сè што ќе кажат другите и ги иритира останатите.