во , ,

Бугарката сака да има најголеми усни на светот: “Среќна сум со нив”

Бугарката Андреа Иванова сакала да изгледа како нејзиниот идол, куклата Барби, па ги зголемувала своите усни неколку пати.

Оваа студентка на филолошкиот факултет во Софија посетила повеќе клиники во својот град за да ја оствари својата желба.

Таа примила 17 инјекции со хијалуронска киселина во усните и ветила дека ќе продолжи со третманите додека не ја оствари својата цел.

https://www.instagram.com/p/B6bY0VaBGuy/?utm_source=ig_embed

Така сега нејзините усни се три пати поголеми од тоа што биле. Андреа вели дека своите усни повторно ќе ги полни секогаш кога ќе почнат да се намалуваат. Инаку, досега на зголемување на усните потрошила 2.500 долари.

Андреа навела дека има голема поддршка од своите фанови на Инстаграм и дека има фанови од Блискиот исток, Аргентина и Австралија.

https://www.instagram.com/p/B6antPHBBX8/?utm_source=ig_embed

“Ми се допаѓаат усните повеќе од порано, се чувствувам одлучно и среќна сум со нив. Изгледам поубаво со големи усни”, изјавила Андреа.

Мисли дека е единствена на светот и тврди дека не копирала ниедна позната личност, како и дека секогаш постои конкуренција која треба да се победи, за таа да ја понесе титулата жена со најголеми усни.

“Не можам да кажам дали устата може да биде преголема, бидејќи поимите големо, поголемо и најголемо се разликуваат кај секој од нас”, рекла Андреа.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

8 Фотографии што предизвикаа теории на заговор

28 Неверојатни хипереалистички портрети што изгледаат како да излегуваат од хартијата