во ,

Бугарски фудбалски легенди ќе помагаат на настраданите во Кочани

Легендите на бугарскиот фудбал ќе помогнат на настраданите во Кочани. Тоа се Христо Стоичков, Борислав Михајлов и Красимир Балаков. Тие ќе помогнат преку нивната фондација „National94“.

Фудбалерите кои играа за Бугарија на Светското првенство во 1994 година ќе обезбедат средства. Тие средства ќе ги донираат.

„Нема датум и час за трагедија. Потоа остануваат само солзи и голема болка. Ние како фондација ‘National94’ изразуваме сочувство до загинатите. Фудбалот нè зближи со луѓето од Македонија. Важно е да ја дадеме нашата поддршка во овој момент“, соопштија од фондацијата.

Реклама

Вчера Камата изрази сочувство. Тој сподели дека тешко го прифаќа тоа што се случи во соседна Северна Македонија.

„Светот може да биде толку убав, но може да биде илјада пати пострашен! Нема ништо поужасно од смртта на млади луѓе! Нашите деца кои отишле да се забавуваат! Очите ми се полнат со солзи кога ги читам и гледам вестите! Бог да е со Северна Македонија“, напиша Камата на социјалните мрежи.

Жртвите од страшниот пожар се 60. Повредените се над 150 луѓе.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Српските студенти со емотивен гест: 74 минути молк за Кочани и Нови Сад!

Крај на војната на повидок? Путин со конкретен услов до Украина и САД!