во , , ,

„Букинг“ нуди ноќевање во станот на Моника од „Пријатели“ со вклучен појадок во кафулето од серијата

Обожавателите на серијата „Пријатели“ сигурно сонувале да спијат во станот на Моника, а сега неколкумина среќници ќе ја имаат таа можност.

Станот во кој се снимале епизодите бил во студио, но зградата што се покажува во серијата навистина постои во Менхетн, Њујорк. На два ката од зградата во моментов се наоѓа интерактивен музеј кој има цел да им понуди чувство на посетителите дека се во светот од серијата.

Во музејот има копија од станот на Моника, а „Букинг“ ги поканува обожавателите да преспијат во станот подоцна месецов. Може да се резервира станот за едно ноќевање по цена од 19,94 долари.

Во оваа цена е вклучено и разгледување на целиот музеј со професионален фотограф, вечера и пијалаци, како и појадок во кафулето во кое седат ликовите во серијата.

Во станот има само еден кревет, па гостите ќе треба да спијат заедно. Сето ова звучи предобро за да биде вистинито, па затоа понудата е само за две ноќевања, на 23 и 24 мај. Резервирањето почнува на 21 мај овде.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

21 Енормно големи работи кои ќе ве зачудат

30 Луѓе ги споделуваат најчудните и најбесмислените работи кои ги виделе некогаш во животот