На денешен ден, пред точно 17 години, трагично згасна животот на музичката икона Тоше Проески. Иако помина толку време, спомените за него сè уште се живи, особено кај неговите блиски пријатели. Една од личностите која секогаш искрено говори за Тоше и неговата трага е актерката Весна Петрушевска – Бејби.
На својот Инстаграм профил, Бејби сподели длабоко емотивна порака, со која се потсети на последните моменти поминати со семејството на Тоше, опишувајќи ги своите чувства и болката која ја чувствува по неговата загуба. Во пораката, таа го спомнува својот последен разговор со таткото на Тоше и како, и покрај студеното време, таа го почувствувала неговото присуство.
„Зимава 2024… Влегувам тивко во дневната соба и таму насмеан ме пречекува татко ти… Беше студено и ти беше со мене, знам,“ напиша таа, споделувајќи интимни моменти кои ја илустрираат празнината што Тоше ја остави по неговото прерано заминување.
Со оваа трогателна порака, Весна повторно потсети колку длабоко била врската меѓу неа и Тоше, и колку тој недостасува на сите кои го сакаа.
View this post on Instagram
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден